Петар Печков
Објавено: недела, 25 март 2012
Димитар Ѓуров, Орце Коцевски и Игор Трајковски се тројцата кандидати за командир на полициската станица Велес. Тоа се тројцата канидати кои СВР Велес ги понуди на Советот на општина Велес а советнците за новиот командир ќе решаваат на седницата закажана за вторник во 13 часот.
Сите тројца имаат високо образование и повеќе од шест години работен стаж во велешката полиција. Именувањето на нов командир на полициската станица Велес доаѓа откако на почетокот од годинава Александар Костов беше сменет, без образложение за јавноста. Тој беше избран едногласно од Советот на општина Велес 2008-та, со што советниците испратија порака дека тој е непартиски човек. Дали така ќе биде и на овој избор?
Tweet |